Комисијата за заразни болести на состанок поради грипот и големата кашлица

news
Advertisement

Поради состојбата со грипот и големата кашлица, денеска треба да се состане Комисијата за заразни болести.

Advertisement

Како што покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип. Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.