Конзулите ги нудат своите автомобили и возачи, само Бујар Османи да заштеди милион евра на тендер

news
Advertisement

Педесетина почесни конзули во Македонија се подготвени да ги позајмат своите дипломатски возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на самитот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

Advertisement

Агенција за изнајмување на автомобили ќе наплати 920.000 евра за овој настан кој го организира Македонија, чиј министер за надворешни работи Бујар Османи е претседавач со ОБСЕ.

Еден од почесните конзули во Македонија во изјава за порталот МКД вели дека сите негови колеги се подготвени на еден ваков чекор и тоа би го направиле заедно со нивните возачи кои во тој период би биле на располагање за потребите на МНР.

– Би ги дале нашите возила кои се и полуксузни и порепрезентативни од оние што ќе се добијат од рента-кар агенцијата. Нашите возила се со дипломатски регистерски таблички, а на располагање би ги ставиле и нашите возачи. Освен тоа, секоја амбасада во Македонија секогаш ги опслужува своите министри кои ќе бидат на самитот. Значи има конструкција – изјавил конзулот кој инсистирал да остане анонимен.

АБЦ рента кар турс“ е предвидено да отстапи 35 ВИП патнички возила за осум дена. Според пресметките на некои медиуми, плаќањето не само што нема да биде поевтина поради поголемиот број на возила, туку услугата ќе биде надплатена.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во јануари говорејќи за ова рече дека една од тешкотиите е како да се најдат ВИП-возила за министрите кои ќе дојдат на завршната конференција во Скопје.
„Најголемата ставка ќе биде министерскиот состанок, со што трошоците тука ќе зависат од тоа како ќе се среди просторот и во однос на возилата. На пример, засега е многу тешко да најдеме 70 возила што ги исполнуваат стандардите. Бараме начини како да најдеме спонзори по однос на возилата за да немаме трошоци. Некои трошоци ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или не, меѓутоа ќе бидеме транспарентни во текот на целата година во однос на трошоците“, изјави Османи кој претходно спомена и опција да се позајмат возила од земјите од регионот.

Извор: https://faktor.mk/konzulite-gi-nudat-svoite-avtomobili-i-vozachi-samo-bujar-osmani-da-zashtedi-milion-evra-na-tender

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.