КОРОНАТА НЕ Е ИСТОРИЈА: Новата варијанта „Пирола“ се шири низ целиот свет!

news
Advertisement

Најновата варијанта на коронавирусот најверојатно веќе се шири нашироко низ светот, заклучено е на панел на светските здравствени експерти.

Advertisement

Официјални лица на Агенцијата за здравје и безбедност на Обединетото Кралство признаа дека се многу загрижени за варијантата на ковид-19 наречена „Пирола“ која има неверојатна моќ на мутација, додека британските медиуми јавуваат дека оваа подваријанта на корнавирусот веќе е откриена и изолирана на островот, како и во САД, Данска и Ирска.

Прво, црвеното светло се вклучи во Лондон, кога неидентификуван пациент дошол заразен, но, како што е познато, тој не ја напуштил земјата.

Експертите заклучија дека фактот што други земји почнаа да ја пријавуваат „Пирола“ на нивна територија, а таа варијанта беше откриена дури минатата недела, е знак дека оваа мутација на Ковид-19 е крајно заразна и дека секако се шири низ целиот свет.

Виролозите се особено загрижени за варијантата BA.2.86 на коронавирусот, што е официјалното име на „Пирола“ поради серијата мутации што ги носи на својот шилест протеин, кој е дел од коронавирусот на кој делуваат вакцините.

Еден експерт рече дека оваа варијанта на вирусот е највпечатливиот вид што се појавил откако високо преносливиот вид Омикрон се појави во зимата 2021 година и го зголеми бројот на случаи.

Светската здравствена организација (СЗО) внимателно ја следи новата варијанта на ковид 19 BA.2.86.

Новиот вид на корона вирусот досега е откриен само во четири земји – Данска, Израел, Велика Британија, САД, но предизвика загриженост кај научниците „поради големиот број мутации“. Како што велат, има повеќе од 30 мутации кои можат полесно да се пренесат. Како клучни симптоми досега се идентификувани висока температура, кашлица, губење на чувството за вкус или мирис и симптоми на настинка.

„Потребни се повеќе податоци за да се разбере оваа варијанта на Ковид 19 и степенот на неговото ширење“, соопшти СЗО.

Професорот Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика во Лондон, смета дека ова внимание е оправдано.

„BA.2.86 е највпечатливиот вид САРС-КоВ-2 што произлезе од Омикрон. „Во текот на следните недели ќе видиме како BA.2.86 ќе се однесува против другите подваријанти на Омикрон“, рече д-р Балу.

„Дури и во најлошото сценарио каде BA.2.86 би предизвикал голем нов бран на корона, не очекуваме тешка форма на болеста и смртни последници како за време на пандемијата кога се ширеле варијантите Алфа, Делта или Омикрон“. Повеќето луѓе на земјата сега се вакцинирани и/или се заразени со вирусот. Ако луѓето повторно се заразат со вирусот BA.2.86, имунолошката меморија сепак ќе му дозволи на нивниот имунолошки систем да ја активира и контролира инфекцијата многу поефикасно“, објасни д-р Балу, но додаде дека и покрај тоа, голем бран би бил „несакан настан“.

Инаку, името „пирола“ на оваа подваријанта пристигна од Интернет. Корисникот, кој се опишува себеси како научник и моделар на заразни болести, го нарекол „по астероидот што виси до Јупитер“ и вели дека името е избрано „поради неговата уникатност“, пренесува Дејли мејл.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *