Коцарев: Не за промена на Уставот, да за ЕУ

news
Advertisement

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев го повтори својот став, НЕ за промена на Уставот, ДА за евроинтеграција на Македонија. На денешната конференција тој изјави дека многу сили во Македонија и ЕУ направиле сојуз на света војна, против што кажа македонството. За намалување на неговата видливост, според Коцарев, во државата се промовирале бесмисленост, апсурт, неукост и промена на Уставот, а од друга стрaна, како што кажа, сите оние коишто ќе проговореле за македонството, се етикетирале како „националисти, предавници и лажговци“.

Advertisement

„Меѓутоа, за разлика од оние што инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас се вџасувам и се згрозувам од фактот што, во демократска Европа, во 21 век, воопшто, како граѓанин на оваа моја земја, јас сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мој избор, без колебање, е: НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ“, изјави Коцарев на денешната конференција.

Првиот човек на МАНУ порача дека не можел да ја замисли Македонија без Македонците.

Посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонството ќе биде нашето суштествување, а Чуповски, Мисирков и Делчев – нашите корифеи, дополни Коцарев.

На конференцијата во организација на Институтот за национална историја, по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски и пет години од смртта на Блаже Ристовски, академик Драги Ѓоргиев порача дека делото на овие два лика, без разлика на временската разлика и условите во кои дејствувале, го покажувале патот на развојот, и емаципација на македонската историска свест и македонската национална мисла.

Пленарно предавање на конференцијата одржа академик Катица Ќулакова, која потсети дека Чуповски како ученик на Ѓорѓија Пулевски, во Софија станува слебеник на неговите идеали за слободна и автономна Македонија, независна од Бугарија, Грција и Србија, како политички, така и црковно и културно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.