Коциќ: ДПМНЕ и Милошоски фатени во лаги за Онкологија, манипулациите се нивна цел

news
Advertisement

На денешната седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија се потврди една работа а тоа е дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо друг освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини.

Advertisement

Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот ДПМНЕ нема друга намера.

Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација.

Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација.

Имено, на минатата седница на Анкетна Комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, при тоа наведувајќи свои лични квалификации.
Врз основа на Законот за пристап до информации побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 денари, медицински апарат 0, медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денари. Значи не се работи за уништување доказен материјал туку за избор на фирма која би добила тендер за уништување отпад.

До кога невистини и лаги од ДПМНЕ?

До кога ќе се манипулира јавноста?

Никаков интерес за правдата, и за сензибилноста на случајот и интересот на пациентите.

Единствена цел на ДПМНЕ е политичка пресметка со СДСМ и оцрнување на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Иако врз основа на информациите и сведоштвата на пациентите кои беа поканети на нашата анкетна комисија изричито кажаа дека за прв пат на Клиниката на Онкологија биолошка терапија како што треба се набавува кога министер е Филипче и дека, врз основа на сведоците, дека додека бил министер, не недостасувал ниту еден лек за ниту еден пациент на соодветната клиника.
За разлика од тоа имавме тврдење од страна на син веќе покојна пациентка којшто тврдеше дека во 2015 година од доктори на Клиниката за онкологија му било сугерирано да не ја прима терапијата којашто постои поради неквалитет и да ги купува лековите од странство.

Тука ќе ја видите разликата и кој како влијаел врз здравјето на нашите сограѓани.

Ги повикуваме ОЈО под итно да ги разреши сите дилеми за овој случај, да се открие целосно вистината и оние коишто се дрзнале терапијата набавена со народни пари, да ја злоупотребат и да одговараат пред законот.

Да прекинат манипулациите со јавноста и злоупотребата на Анкетната комисија од страна на опозицијата.

Бараме координација за донесување заеднички заклучоци согласно мандатот на Комисијата.

Ние не сме ниту суд, ниту обвинители.

Ние не се согласуваме со политичката злоупотреба на случајот, побаравме пауза од 1 час и очекувам да се координираме за како да ја завршиме работата на комисијата, благодарам.

ИЗВОР: https://centar.mk/blog/2023/11/17/kotsik-dpmne-i-miloshoski-fateni-vo-lagi-za-onkologija-manipulatsiite-se-nivna-tsel/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.