Која беше Македонската инфлуенсерка која несреќно почина: Приватни авиони и најскапа брендирана облека – пред една недела се сликаше и со нашите политичари

news
Advertisement

Информацијата за смртта Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид стана топ тема во Македонија.Таа пред неколку дена беше во посета на земјава, па овдешната поширока јавност првпат слушна за инфлуенсерката и мејкап артиската, која околу 22 години живееше во Танзанија и Јужна Африка.

Advertisement

Која е Јанеска?

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.
Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.

За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.

Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.