КОЈА Е ЕРИСА ФЕРО ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ДОНЕСЕ ХАШИШОТ ВО МАКЕДОНИЈА? 28-годишната Албанка била службеничка вмешана во изборен скандал

news
Advertisement

Ериса Феро, 28-годишната Албанка која вчера на македонско-албаннската граница беше уапсена од албанските власти заедно со уште две лица требаше да донесе 58 килограми хашиш во Македонија од Поградец возејќи се во „фолксваген“. Албанските медиуми објавија нејзин профил. Оваа млада жена е шефица на компјутери во Националната агенција за информатичко општество, а била вмешана во манипулација на изборите во Албанија минатата година.

Advertisement

Кога билa уапсена во Поградец во автомобилот,кој инаку бил службено возило на Агенцијата, биле Ликменд Баша од Фуше-Круја и еден 17-годишник. Полицијата се сомнева дека хашишот дошол од Скадар, потоа пристигнал во Тирана, а Феро транспортот го извршила со возило од Тирана. Ериса била „задолжена” дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан кај Струга, за потоа Ликменд Баша кој требало да ја пренесе во Македонија. На изборите во 2021 година во Албанија, Ериса била членка комисијата за броење гласови, каде што биле фалсификувани резултатите од гласовите. Наводно, биле додавани и отстранувани гласови за кандидати од различни партии.

Албанската Централна изборна комисија поднесе кривична пријава до обвинителството во Тирана против Ериса и уште 20 вработени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.