Кој ги згреши сметките за парно за август?

news
Advertisement

Се уште не може да се добие информација дали Владата има донесено одлука за субвенционирање на парното греење.
Дилемата се отвори откако попладнево БЕГ во соопштение информираше дека одлука за субвенции нема од крајот на април, а и парите за претходните месеци не им се исплатени.
“Ве информираме дека Одлуката на Владата на РСМ за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите. Воедно ја информираме јавноста дека субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата”, велат од БЕГ.
По ова соопштение пробавме да добиеме појаснување и од Регулаторна, но оттаму ни рекоа дека нема да го коментираат и дека станува збор за комплексна пресметка, по која се формира цената на топлинската енергија.
За одговор дали има одлука за субвенции и зошто не се исплатени парите на БЕГ не упатија во Владата, но попладнево ниту министерот Бектеши, ниту владините портпароли не беа достапни за коментар.
Од Регулаторна денеска ги повикаа БЕГ да ги сторнираат августовските сметки за парно, бидејќи компанијата не ги пресметала субвенциите кои државата ги дава за топлинска енергија.
По поплаките од граѓаните, чии сметки биле за 40% повисоки во однос на претходниот месец, Регулаторна утврила дека е направена грешка, односно цената е нереално висока, а оние кои веќе ги платитиле сметките, парите ќе им бидат вратени наредните месеци.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.