Кој зема највисоки, а кој најниски плати во Македонија?

news
Advertisement

ИТ инженерите и натаму имаат највисоки плати во земјава.

Advertisement

Нините примања во август се зголемиле за дури 10,7 проценти во однос на август 2022 година.

Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејност просекот е 92.464 денари.

На второ место е „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“. Во оваа дејност просекот е 57.954 денари, а годишниот раст е 14,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во август просечната нето плата изнесувала 36.390 денари. Ова е раст на просекот за 0,3 проценти, или за 104 денари во однос на август кога изнесуваше 36.286 денари.

И најниските плати вообичаено се во дејноста „Заштитни и истражни дејности“. Таму просекот е 20.021 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.