Кој ќе биде кандидат за претседател на државата од СДСМ?

news
Advertisement

Неодамна во СДСМ заврши процедурата за номинирање кандидат за претседател на државата.

Advertisement

Од она што го имаме како информација, неколку десетици имиња на сегашни и бивши функционинери на партијата, но и општественици и луѓе од јавниот живот, биле предлагани од страна на членството во општинските организации на СДСМ.

Од нив, се издвојуваат околу 15 кандидати.

Меѓу се актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, лидерот и генералниот секретар на СДСМ, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ, досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, но на списокот има и поранешни претседатели на партијата како Зоран Заев и Бранко Црвенковски, како и поранешниот потпретседател и министер за здравство Венко Филипче.

Предложени се и жени кандидатки за претседател на државата меѓу кои се издвојуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, како и некогашната претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска.

До централата стигнувале и номинации за личности кои не се дел од структурите на СДСМ како политичкиот аналитичар Сашо Ордановски и професорот Ѓорѓи Спасов.

Најавите дека СДСМ ќе настапи во заеднички проевропски блок, очигледно за многумина навестува позитивен исход за партијата на претседателските избори, па оттаму е и големиот интерес да се биде претседателски кандидат на СДСМ.

Сепак, постапката за дефинирање на претседателскиот кандидат е на самиот почеток, следува период на мерење на рејтинзите на најсериозните кандидати, а конечниот предлог треба да мине низ органите и телата на партијата, за на крајот да биде потврден на Конгрес на партијата.

Првриот круг од претседателските избори е закажан за 24 април.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.