КРАЈ ЗА НЕОДГОВОРНИТЕ ВОЗАЧИ: Погледнете ја новата постапка – како државата трајно ви го зема возилото!

News

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило.

Ова е појаснувањето што Плусинфо го доби од извор во МВР, по дилемите што се појавија на социјалните мрежи дали возилата управувани без возачка дозвола се одземаат привремено или трајно.

– За трајно конфискување одземено возило е неопходна правосилна судска пресуда – објаснува нашиот извор од МВР.

Под управување без возачка дозвола се смета возачот никогаш да не положил возачки испит, дозволата да му е трајно одземена, или да управува со возилото во период кога му е изречена мерка привремена забрана за управување со моторно возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *