Крвава божикна прослава во ресторан во Даблин, најмалку еден загинат (ВИДЕО)

news
Advertisement

За време на прославата на католичкиот Божиќ во познат ресторан во Даблин дошло до пукање при што еден маж го загубил животот, додека друг е тешко повреден.

Advertisement

Видеото што се појави на социјалната мрежа Х го покажува моментот кога гостите во ресторанот се засолнуваат за да го избегнат напаѓачот.

Ирската полиција соопшти дека еден маж починал од убодни рани, додека друг е тешко повреден и е во болница. Инаку, и двајцата напаѓачи ѝ се веќе познати на полицијата поради вмешаност во сериозен и организиран криминал.

Се верува дека човекот кој загинал е вооружениот напаѓач кој го започнал пукањето.

Детективите имаат трага што води до врска меѓу двајцата сопственици на ресторанот и напаѓачите и дека тие всушност биле целта.

Се сомнева дека пукањето е поврзано со тековната расправија за дрога и пиштоли, пишува Мирор.

Еден од сопствениците бил погоден и хоспитализиран.

Многу пати сум го посетил овој семеен ресторан и вакво нешто никогаш не се случило. Ѝ благодарам на полицијата“, изјави Лео Варадкар, сведок на немилиот настан.

„Двајца мажи подоцна беа однесени во болницата Џејмс Коноли. Еден од овие мажи, на возраст од 20 години, почина кратко време подоцна, додека другиот, во неговите 40-ти, се лекува од прострелни рани и е во тешка состојба“, – соопшти полицијата.

Извор. https://kanal5.com.mk/krvava-bozhikna-proslava-vo-restoran-vo-dablin-najmalku-eden-zaginat-video/a618160

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.