Advertisement
Малолетник од Куманово е повреден од струен удар додека се обидувал да направи селфи на вагон на Железничката станица Куманово.
Несреќата била пријавена во полицијата вчера во 17 часот откако повреденото дете било пренесно во Ургентен центар во Куманово.
„Според пријавеното, малолетникот се здобил со повреди од струен удар при обид да се качи на вагон на железничката станица во Куманово, за да се фотографира. Увид на место извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопштиМВР./kumanovanews.mk/
Advertisement
Advertisement