КУРТИ: НЕ САКАМЕ КОНФЛИКТ,САКАМЕ МИР И НАПРЕДОК, НО НА АГРЕСИЈАТА ЌЕ ОДГОВОРИМЕ СО СЕТА МОЌ ШТО ЈА ИМАМЕ

news
Advertisement

Изјавата на Курти е одговор на најавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека ќе бара од КФОР да овозможи распоредување на српската војска и полиција на Косово
Косово не сака конфликт, но на агресијата ќе одговори со сета сила што ја има, напиша вечерва на својот фејсбук-профил, косовскиот премиер, Албин Курти.

Advertisement

Изјавата на Курти е одговор на најавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека ќе бара од КФОР да овозможи распоредување на српската војска и полиција на Косово.

Според косовскиот премиер, Србија веќе неколку дена „му се заканува на Косово со агресија“ и повикува на враќање на српската војска на Косово, повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на Обединетите нации.

„Тие (Србија н.з.) сакаат двојно враќање во минатото. Прво, враќање во времето на Милошевиќ и војната. Второ, прашањето за Косово да се врати во ОН и што е можно подалеку од ЕУ. Косово е европска, демократска и проамериканска земја. Србија со ова раководство што го има е автократска,проазиска и милитантна. Не сакаме конфликт,сакаме мир и напредок, но на агресијата ќе одговориме со сета моќ што ја имаме. Сега кога ниту регистарските таблички за возилата, ниту датумот за изборите не можат да се користат како изговор, се открија нелегалните структури на Србија претворени во криминални банди“, напиша Курти на Фејсбук.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.