Левица алармираше за уапсени двајца членови на Црвена младина и одржа протест пред „Беко“

news
Advertisement

„Двајца активисти на Црвена Младина се уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица Беко. Протестот продолжува таму! Се гледаме! П.С.. Држете се дечки, доаѓаме!“, со ваква објава преку социјалните мрежи вечерва се огласи Левица, како и партискиот лидер Димитар Апасиев, со порака дека станува збор за полициска држава на која ѝ порачаа: „Си играте со погрешна генерација“.

Advertisement

Од МВР велат дека приведувањето било поради сторен прекршок и дека двете лица се пуштени од полициската станица.

Дека двете млади лица од подмладокот на Левица – Црвена младина се пуштени, потврди и лидерот на партијата, Димитар Апасиев, по протестот пред „Беко“, на кој беа присутни членови и симпатизери на партијата.

Дечките од Црвена младина кои вечерва беа уапсени, се пуштени од Полициската станица Беко. Адвокатскиот тим кој ги застапува, во наредните денови ќе поднесе и претставка до внатрешната контрола на МВР за непрофесионално постапување на полицаецот кој незаконски ги лиши од слобода! Не се предаваме! Не ви се плашиме, идеме до крај!“, напиша Апасиев на Фејсбук.

За време на денешните протести беше забележливо присуството на членови на Левица. Дали станува збор за прекршок поради фрлање со јајца врз Владата и Јавното обвинителство или за нешто друго, останува да се види.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.