Левица Демир Хисар го исчисти и реставрираше гробот на Јордан Силјанов – Пиперката во селото Велмевци

news
Advertisement

Локалниот огранок на Левица во Демир Хисар го исчисти и реставрираше споменикот и гробот на војводата Јордан Пиперката во селото Велмевци, објавија од Левица на Фејсбук.

Advertisement

– Вечната негрижа на надлежните институции, ги доведува спомениците на нашите борци до целосен заборав и до нивно уништување од забот на времето. По тој повод, ЛО Левица – Демир Хисар го реставрира споменикот и гробот на демирхисарскиот војводата – Јордан Силјанов – Пиперката во с. Велмевци.

Учесник на Смилевскиот конгрес и на Илинденското востание. На 1 август 1903 година, во Церско Поле, Демирхисарско, паднал во заседа на турската војска, и тука, откако бил ранет, последниот куршум го испукал во себе и не се предал жив во рацете на непријателот!

До гробот на војводата Јордан, почиваат и телата на војводите Кузман Тодороски и Милош Трајкоски од с. Бабино и Ѓорги Бошкоски од с. Црско.

Во продолжение, една негова мисла:

„Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде“. – Јордан Пиперката. – напишаа од Левица на Фејсбук.

Извор: https://infomax.mk/%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%80-%d1%85%d0%b8%d1%81%d0%b0%d1%80-%d0%b3%d0%be-%d0%b8%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2/?fbclid=IwAR2k8KWf9Zmi2muFHDtNReZXJ9SZQt9E2SQgHH7wU5C4HWvWPQu1zn8pySY

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.