Левица: Извештајот на ЕК го потврди анти-европското владеење на СДС и ДУИ

news
Advertisement

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја знаат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите кои се поделени во 33-те поглавја на 6-те кластери. Досега, појасна порака дека Владата на СДС и ДУИ, покрај анти-државната, води и анти-европска политика немаме добиено! Катастрофално судство, анти-европски закони, злоупотреба на европско знаменце, корупција во подвиг, администрација во статус-кво, неспроведување на препораките на ОБСЕ повеќе од 10 години, социјална исклученост на лицата со посебни потреби и најбавен економски напредок во регионот, се само дел од оценките кои го „красат“ Извештајот на ЕК, за изминатава година дивеење на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од Левица.

Advertisement

„Најголем дел од забелешките во Извештајот на ЕК се токму проблемите кои политичката партија Левица веќе ги има укажано, како до државните институции, така и од собраниската говорница. За решавање на голем дел од нив веќе се поднесени предлог-законски решенија, кои или стојат во фиоката на Џафери, или заеднички се одбиени од СДС и ДПМНЕ. Дел од проблемите нотирани во извештајот се апсолутно истите оние кои беа нотирани и пред повеќе од десет години. Интеграцијата во ЕУ останува само празна фраза на владејачката политичка елита, додека единственото кое тие го спроведуваат е злоупотребувањето на европските фондови за нивните лукративни нагони, кои полека излегуваат на површина“, велат од партијата.

ИЗВОР: https://a1on.mk/macedonia/levica-izveshtajot-na-ek-go-potvrdi-anti-evropskoto-vladeenje-na-sds-i-dui/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.