Легендо, ти секогаш ќе останеш жив меѓу нас! 4 Години без Ванчо Петрушевски

news
Advertisement

Вчера, 25 август, се навршија четири од години од смртта на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски. Почина на 67 годишна возраст во 2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.

Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии.

Advertisement

Познат е по улогите во Македонски народни приказни. Неговите многубројни настапи на естрадата, на радиото, филмот и телевизијата, со неговиот талент, умешност, шарм, го прават една од најпопуларните личности во земјава и пошироко.

Во 2016 година ја доби Државната награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.