Ленин се повлекува од Слобода превоз – Градот не одговара на прашања

news
Advertisement

Продолжува хаосот во Скопје. Превозниците не попуштаат. Автобусите ќе останат на крстосниците се додека не им се исплати милионскиот долг од ЈСП. Директорот на „Слобода превоз“ најави повлекување од протестите, за, како што рече, случајот да не добие политичко светло.

Advertisement

„Jaс ќе понудам пред превозниците да се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка и гледам дека сега тоа се актуелизира до ниво да на некој тоа му е изговор за неспособноста да го реши проблемот на приватните превозници. Сега јас ќе им го одземам тој комодитет да може да се оправдуваат и да имаат оправдување вперувајќи го прстот во мене како индивидуа што ја поддржала Данела Арсовска или индивидуа што има одредени лични политички убедувања“ – Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“

Од градот Скопје не кажаа дали имаат план да го решат проблемот. Арсовска се уште се крие, а пред медиумите излезе генералниот секретар кој освен рачно напишаниот говор, не знаеше да каже ништо друго, па избега од новинарите.

Колапсот на главниот град и денеска беше предмет на политички пресметки. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали се пристигнати бугарските автобуси кои треба да возат наместо приватните превозници?

„Дали хаосот во Скопје е предизвикан за тргање на досегашните приватни превозници за договор од тајната средба превозот во Скопје да го преземе фирма приватна од Бугарија, блиску до Софија за која инсистира владата на Ковачевски? Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии, но и дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии договорени да завршат во приватни џебови, наместо да се плати долгот?“ – Наум Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ, пак, прстот го вперија во Мицкоски.

„Ова се виновниците за колапсот на Скопје. Погледне ги како се насмеани, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ кога Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја славеа победата на Арсовска. Со трубачи, зурли и тапани. Арсовска во бел капут а Мицкоски во џемперче со патентче. Сега цената за нивните кавги за провизии и тендери ја плаќаат скопјани. Бараме Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје. Да им даде партиска наредба на неговите кадри во јавните претпријатија во Скопје, во управните одбори, да седнат и да најдат решение на проблемот.“ – Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ – Скопје

Огласот за нови приватни превозници ќе биде објавен во петок. Засега отворен е повик само за линиите 20 и 22, оти за другите немало потреба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.