ЛЕНИН СИ ЈА ИШКА СТАРАТА МУВА ОД КАПАТА – УШТЕ ВО 2016 ГОДИНА ЈАДЕШЕ ЌОТЕК ОД ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НА КОИ ИМ БАРАЛ ПО 5.000 ЕВРА ЗА КАСА ЗА КОЈА ПРЕВОЗНИЦИТЕ СМЕТАЛЕ ДЕКА ТОЈ ГИ КРАДЕ СО ЦЕНИТЕ И МАНИПУЛИРА СО ДОГОВОРИТЕ

news
Advertisement

Со тежок инцидент започна средбата меѓу приватните превозници во автобускиот превоз членки на Слобода превоз со своето раководство во мај месец 2016-та година.

Advertisement

Тогаш нападнат беше директорот на зружението на приватни автобуси „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Приватните превозници беа незадоволни од договорот меѓу јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Слобода превоз за инсталирање на апарати за електронска наплата по цена од 4970 евра. Тие уште тогаш сметале дека раководството на Слобода превоз на чело со Ленин Јовановски манипулира со цените и со договорите и ги краде.

Она што е уште по трагично е што фискалните апарати кои тогаш приватните превозници ги платија по цена од 5 илјади евра никогаш не биле ставени во функција како што откриј градоначалничката Данела Арсовска.

ЈСП склучува договори со приватните превозници, во случајов тоа се здруженијата Макекспрес и Слободен ревоз кои што застапуваат приватни превозници, врз основа на кој ЈСП има обврска да им исплаќа на приватните превозници по едно евро, а сега по зголемувањето на дериватите во скоро 1,5 евра од извозен километар.

Оваа обврска чини месечно околу 24 милиони денари по една ставка од она кое тие предвидуваат дека ќе го испорачаат. Тие согласно член 5 од договорот имаат обврска продадените билети да ги валидираат со фискална сметка, да ги потврдат во интегрираниот систем на ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа од вкупната сума кпја ЈСП Скопје им ја должи за секој изминат километар, се одбива сумата која ја наплатиле од продадените билети.

Имено она кое е евидентно од аналитичките картички, со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со организаторите на приватниот превоз, Макескпрес и Слобода превоз, истите од крајот на 2017 година досега немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во автобусите. Иако пријавувале дека возеле околу 400 000 километри за еден месец, и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар кој го фактуриреле во ЈСП, а во меѓувреме од 2017 до 2022 година не пријавиле ниту една продадена карта во автобус на Слобода превоз и Макескпрес.

Наједноставно, наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале , се ставале во нечиј џеб најверојатно, а потоа фактурирале од ЈСП по 400.000 евра од ЈСП секој месец и оваа шема трае цели 5 години, последното добивање на информација дека е продаден билет е на крајот на 2017 година.

Во истиот овој период, „Слобода Превоз“ фактурирал 24.000.000 денари (24 милиони денари) месечно за наводно извозени 400.000 километри во секој тековен месец. Наводно, бидејќи ниту еден од системите за ГПС локациско следење на возилата кој е поврзан со системот на ЈСП не функционирал соодветно и непрекинато. Којзнае што правеле кога апаратите биле „расипани“. Впрочем, и знаеме што правеле. На секоја извозена тура, една се стои во место на паркинг, а потоа се наплаќа од ЈСП.

Како што може да се види од аналитичките карти, доказ дека ова се случувало е дека од 2017 година одбивале да добавуваат, не само карти и фискализираат сметки, со тоа што сите средства кои ги добавувале завршувале некаде, но никој не знае каде. Уште поголемо е оштетувањето за сметка на она, наместо да се плати разликата којашто ја наплаќале од граѓаните, тие ја наплаќале полната сума, што значи не пријавиле ниту еден продаден билет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.