Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

news
Advertisement

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.

Advertisement

Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати., соопштуваат од МНР.

Муареми е еде од осомничените од групата Грчец/Дуќанџик во кои се товарат 10 лица. Како што објави Телма на 26 јануари годинава, водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според тогашните потврдени сознанија, подолго време е надвор од Македонија.

Групата на Шеваљ Муареми е осомничен и за убиство на албански државјанин чие тело, изедено од диви животни беше најдено над селото Горно Матка во мај 2020-тата година. Убиениот бил закопан во дупка во овој слабо населен реон, но телото било полуоткопано од диви животни. Убиениот беше препознат по специфичната тетоважа.

МВР тогаш соопшти дека групата стои и зад обидот за убиство во Бардовци во 2019-та година, кога цел на неуспешниот напад бил Борис Мутков – Фантом, жител на Бардовци и близок со групата Беланоца на Ајети од Ченто. Мутков бил нападнат додека се движел со автомобилот мерцедес. Тој инцидент се поврзуваше со нападот кој претходно се случи во хотелот „Александар Палас“ кога мета беа членовите на групата Грчец кои седеле на маса заедно со полицаец.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.