Лога го обвини Собранието и коалицијата со „Северна Македонија е понеправедна од вчера!“, оти пратениците рекоа дека нема амнестија

news
Advertisement

Собранието не изгласа потреба од носење на Закон за амнестија по скратена постапка, кој го предложи министерот за правда, Кренар Лога, а токму предлагачот излезе и со прва изјава: „Денеска Северна Македонија е понеправедна од вчера!“. Тој за дел од медиумите посочи дека тоа што Законот не го помина филтерот за да се дискутира за него и да се донесе, нема да ја расклати соработката со СДСМ. Ова значи дека Алијанса за Албанците останува во Владата.

Advertisement

Од пратениците, само 15 гласаа „за“, 66 гласаа „против“, а 3 беа воздржани. Ова значи дека засега нема да има амнестија на затвореници, како што предлагаше министерот за правда, Кренар Лога.

СДСМ уште пред почетокот на седницата најави дека ќе гласа против потребата да се донесе Закон за амнестија со кој ќе бидат опфатени и осудените од случајот „Монструм“ за Смилковското Езеро. Тие отворено кажаа дека оправдувањето на Лога дека со законот ќе се растеретат затворите – не е издржано.

Лога, според вчерашното ветување, денеска на пратениците им подели фотографии кои ја отсликуваат состојбата во затворите. На албумот со фотографии беше залепено и огледало, за пратениците да се погледнат себеси пред да гласаат

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.