Лога до Апасиев: Научете право во Левица

news
Advertisement

Министерот за правда Кренар Лога со саркастичен коментар го опомена пратеникот на Левица Димитар Апасиев дека не го знаат правото во партијата.

Advertisement

– Почитуван професор Апасиев, научете ги децата во правниот сектор во Левица да пишуваат вистинито и соодветно за одлуката на Уставниот суд. Иницијативата на ,,Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција воопште не влезе во постапка затоа што ги немаше потребните гласови на јавна седница на Уставен суд. Оваа одлука, која вчера ја донесе Уставниот суд се однесува на формалниот дел, за почитување на уставниот рок за објавување во Службен весник, а не и за материјалниот дел (содржина) – порача Лога.

Тој го обвини Апасиев дека манипулира со јкавноста.

– Господине Апасиев, како политичар, можете да си дозволите себеси да манипулирате со популистички реакции во јавноста, но како професор по право, недозволиво е да кажувате невистини. Прво, оваа одлука не е донесена по Ваша иницијатива за оценување на законскиот рок, и второ, двојазичните изводи не се поништени, тие важат и истите беа во употреба уште на времето на твојот Тито. Така ќе останат и натаму. Со почит, Кренар – напиша Лога.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.