Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата

news
Advertisement

Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата.

Advertisement

Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда.

-Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн,. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро, наведува Лога.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.