Лога: САД сакаат да не видат во Европската Унија

news
Advertisement

Министерот за правда, Кренар Лога денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан. Како што вели во соопштението од Правда, евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа.

Advertisement

„Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија.

Силна поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.

Оценето е дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат не е од државен и стратешки интерес. Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација“ велат од Министерство за правда.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.