Лукаревска: СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година

news
Advertisement

Уште немаме конечен став околу тоа дали ќе одиме на заеднички листи со коалиционите партнери од Владата. Се прават анализи, ги следиме анкетите, правиме отворени разговори, дебатираме во партиајта и во наскоро време би требало да го имаме кончениот став. Она што не обединува е тој Европски фронт, на кој основоположник е СДСМ“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Advertisement

Таа ги повика сите политички партии, политички субјекти, граѓанскиот сектор и поединции кои се за европската идеја да се приклучат.

„Ги отвораме вратите кон секоја политичка партија, политички субјект, граѓански сектор, поединици кои сметаат, знаат и очекуваат дека СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ истакна дека е убедена оти Европскиот фронт ќе издвојува победа на парламентарните избори, а пред тоа и на претседателските избори.

„Нема поубева и поцврста симболика од изборите на 8 мај и победата што ќе ја имаме како коалиција во пресрет на Денот на Европа – 9 Мај“ рече Лукаревска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.