Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во бокс без ракавици

news
Advertisement

Во главната борба на турнирот што се одржува во Мајами, Славески синоќа го совлада Американецот Џејк Лидзи и со едногласна одлука на судиите беше прогласен за нов шампион во оваа категорија
Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во бокс без ракавици во велтер категорија.

Advertisement

Во мечот за светската титула на турнирот што се одржува во Мајами, Славески синоќа го совлада Американецот Џејк Лидзи и со едногласна одлука на судиите беше прогласен за нов шампион во оваа категорија.

До победата дојде откако го совлада противникот во три од петте рунди.

Во својата кариера, Славески досега има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување.

По синоќешната победа, Славески се огласи на социјалните мрежи и, објавувајќи го постигнатиот успех, напиша: „За мојот народ никогаш да не се зборува во деминутив“.

Тој сега го поседува шампионскиот појас кој претходно му припаѓаше на Луис Паломино кој неодамна се откажа од шампионскиот појас во оваа категорија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.