Македонија во срце и на патики: Охриѓанецот Џеди Осман со македонско и турско знаме игра на Европско певенство

Македонија во срце и на патики: Охриѓанецот Џеди Осман со македонско и турско знаме игра на Европско певенство

news
Advertisement

Македонија во срце и на патики: Охриѓанецот Џеди Осман со македонско и турско знаме игра на Европско певенство

Advertisement

Кошаркарот Џеди Осман, кој настапува за турската репрезентација на Европското првенство во кошарка, не ги заборава своите корени. На натпреварите, вклучително и во НБА-лигата, Осман со гордост ги носи патиките украсени со знамињата на Турција и Македонија – симбол на неговиот двоен идентитет.

Роден во Охрид, каде што живеат неговите родители со турско потекло, Осман одлично зборува македонски јазик и поседува и македонско и турско државјанство. Покрај тоа, во својот роден град има и сопствен имот, каде често престојува.

Џеди Осман е на чекор до историски успех – да стане финалист на Европско првенство во кошарка, каде Турција ќе се соочи со Германија. Тоа претставува и голем момент за Македонија, бидејќи во финалето, индиректно, своја гордост има и Охрид.

Особена медиумска и јавна внимание привлече и неговата венчавка со познатата турска актерка Ебру Шахин. Свадбената церемонија беше организирана токму во Охрид, каде младенците се венчаа на брод во Охридското Езеро, изговарајќи го судбоносното „да“ во романтична атмосфера, преполна со симболика.

Џеди Осман не само што е дел од европскиот кошаркарски елитен круг, туку и горд амбасадор на Охрид и Македонија на големата сцена.

РЖМ – Г.Д.Г
Фото: Фејсбук

Advertisement