Македонија го празнува Илинден – повици за слога и обединетост

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски повика на „јуриш кон европската иднина“ , додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на зачување на историскиот аманет да се гради и чува татковина од сите предизвици.
Северна Македонија денеска го празнува најголемиот празник – Илинден, одбележувајќи 119 години од раѓањето на Крушевската Република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. „Илинден – нашата сила за иднината“, е слоганот под кој годинава, се одбележува 2 aвгуст – Денот на Републиката. Чествувањето започна синоќа со манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, а продолжува денеска со низа манифестации во земјата. „Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината!“, порача државниот врв, со желби најсветлиот ден во македонската историја да се празнува во слога и обединетост. /m.dw.com/

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.