Македонија доби кредит од ММФ во износ од 530 милиони евра

news
Advertisement

telma.com.mk
ПочетнаВестиМакедонија доби кредит од ММФ во износ од 530 милиони евра
ВестиЕкономијаМакедонија
Македонија доби кредит од ММФ во износ од 530 милиони евра
10.10.2022 17:49

Advertisement

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку кредитната линија за претпазливост (ПЛЛ – The Precautionary and Liquidity Line) во рок од 24 месеци.

„Ова е големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики“, информираа попладнево од Министерството за финансии.

По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

„Самата намена на инструментот е да пружи ликвидноста поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација“, појаснуваат од Министерството за финансии.

Во изјавата на мисијата на ММФ се дава признание и на заложбите на Владата за натамошно спроведување на фискалната консолидација, како и реформите во јавните финансии, пред сè новиот Закон за буџети и фискалните правила кои ќе придонесат во оваа насока.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *