МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА Ѝ ВРАТИ НА ЕУ 660.000 ЕВРА Парите биле наменети за софтвер, ама не се открива каде завршиле

news
Advertisement

Проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите.

Advertisement

Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков договор или предмет поврзан со ИПАРД, туку за проектот што се реализирал преку ИПА поддршката за МЗШВ.

Истрагата е веќе завршена и за случајот има конкретен предмет со конкретни правни дејства. Предметот е доставен до ОЈО за организиран криминал, а МЗШВ апелира случајот да биде комплетно расчистен.

– Имаме еден случај на ОЛАФ кој е завршен со препорака. Се работи за проект од 2015 година, но не поврзан со ИПАРД, туку со ИПА поддршка на МЗШВ за одреден софтвер за кој државата треба да ги врати парите. ОЛАФ спровела постапка и констатирала дека има неправилности поради што препорачува државата да ги врати средствата. За случајот, Владата на една од последните седници донесе Одлука согласно сите постапки и предметот е пратен во Обвинителството – рече Николовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.