Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

news
Advertisement

Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори
Вкупно 1 814 317 македонски граѓани имаат право на глас на седмите по ред претседателски избори во државата.

Advertisement

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ….

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата… Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година – 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 8-мај и ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

Излезност на претседателски избори (втор круг):

2019 година – 46.65 %

2014 година – 54.36 %

2009 година – 42.61 %

2004 година – 53.6 %

1999 година – 69,1 %

1994 година – 77,4 %

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.