Македонската Влада го осуди сајбер-нападот над Албанија од страна на Иран

news
Advertisement

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро го осудува сајбер-нападот од 15 јули 2022 година извршен против Владата на Република Албанија од страна на Исламска Република Иран, соопштија од МНР.

Advertisement

„Северна Македонија се солидаризира со Владата на Албанија, ги поддржува преземените мерки во тој контекст и повикува на одговорност за извршителите на ваквите малигни дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат не само националната безбедност и сигурност на Албанија, но имаат и пошироки регионални и меѓународни импликации.

Ваквите деструктивни напади претставуваат флагрантно кршење на нормите на меѓународното право, обид за поткопување на суверенитетот на Албанија, како и директна закана за безбедноста на нејзините граѓани и институции.

Со цел заштита на своите интереси, но и интересите на секоја поединечна земја-членка на НАТО и нејзините сојузници, остануваме единствени во рамките на Алијансата во справувањето со сите предизвици кои го загрозуваат меѓународниот поредок и безбедност“, се додава во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.