Македонска репрезентативка замина на тест во Хајдук Сплит

news
Advertisement

Македонската фудбалска репрезентативка Викторија Недева е на прагот да стартува интернационална кариера затоа што моментално е во Хрватска каде е на тест во Хајдук Сплит.

Advertisement

19-годишната фудбалерка која настапува во дефанзивата веќе пет сезони игра професионален фудбал во Македонија. Шансата ѝ ја даде Тиверија Струмица, нејзиниот клуб кој е познат по работата со млади фудбалерки.

А-репрезентативката на Македонија замина за Сплит каде ќе мине тест-период во Хајдук, а потоа голема е веројатноста да стави потпис и на професионален договор. Неколку фудбалерки од Македонија се дел од хрватскиот шампионат.

Хајдук моментално се наоѓа на четвртото место во хрватската Суперспорт лига со 16 освоени бода.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.