„Македонските министри отидоа во сите соседни земји да бараат енергија и храна“

news
Advertisement

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во „25 минути“ на Шења изјави дека нашата Влада најлошо реагирала на економската криза, иако тие тврдат спротивно.

Advertisement

„Само македонските министри отидоа во сите соседни земји од Западен Балкан да бараат енергија и храна. Ниту еден министер од соседните земји не дојде во Македонија да бара ниту храна, ниту енергија. Тие не се виновни, но зборуваат невистини“, додаде тој.

Според него оваа влада, овој премиер, овие министри, кои се занимаваат со тоа како ќе ги поминат следните избори, ќе победат или ќе изгубат, не можат така да излезат и да зборуваат безобразно.

„Убеден сум, а и извесно време бев на таа позиција, дека граѓаните полесно ќе прифатат дека ви се соопштува објективната состојба, дека Македонија дефинитивно ќе има повисока инфлација поради овие објективни околности, се обидуваат парите, фискалната политика да ја прилагодат дури и размислувајќи како ќе се одрази на таканаречената стабилност на власта, со која ќе се соочат, ако не со предвремени избори, тогаш со регуларни“, изјави Хајредини за емисијата „25 минути“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.