Македонските политичари и натаму без значајно онлајн присуство

news
Advertisement

Речиси 20 години од лансирањето на Facebook и нешто помалку од лансирањето на Twitter, најголем дел од политичарите во Македонија не научија да ги користат како што треба. Наместо двонасочна комуникација со која ќе се претставуваат идеи, друштвените мрежи најчесто овие канали се користат како поевтина алтернатива на печатените памфлети. Не очекуваме одговори баш на секое прашање, но за некои поважни теми може да се отвори дискусија онлајн.

Advertisement

На почетокот на оваа годината Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи ја сподели својата анализа во која ја оценуваат комуникацијата на друштвените мрежи во 2022 година. Анализата на онлајн присуство покажува дека најголем дел од министрите, пратениците и градоначалниците се присутни онлајн, но комуникацијата е еднонасочна. Свои профили на барем една друштвена мрежа во 2022 имаа 115 од 120 пратеници. Речиси сите министри, 20 од 21 биле онлајн на најмалку една друштвена мрежа. Со 80 од 81 во 2022 година само еден градоначалник недостасува, за сите да бидат онлајн на барем една друштвена мрежа.

„Властите и политичарите и на централно и на локално ниво веќе втора година зборуваат колку многу се залагаат за дигиталната трансформација на општеството. Меѓутоа, во овој сегмент на можност за дигитална комуникација со граѓаните и медиумите и нудење на квалитетни и брзи онлајн услуги во голема мера потфрлија. Сведочиме на еднонасочна комуникација, пад на институциите како активни корисници на дигиталните алатки, а за квалитетот на содржините не може да стане збор бидејќи тие во огромен број се претворени во класични политички гласила каде речиси целиот фокус е ставен на политичарите и нивните агенди, наместо на потребите на граѓаните“, вели Бојан Кордалов, комуниколог и автор на анализата.

Парламент
Најголем дел од парламентарците користат Facebook. Дури 115 од 120 пратеници се присутни на оваа друштвена мрежа. За споредба, само 18 пратеници во Собранието користат Twitter, а 35 се присутни на Instagram.

Споредено со: 2021 година (11 пратеници биле активни на сите наведени социјални медиуми, а 5 не користеле ниедна); 2020 година (15 биле активни на сите наведени платформи, а само 1 пратеник граѓаните не можеле да го контактираат преку Facebook, Twitter или Instagram).

Влада
Со оглед на тоа дека Владата има сопствена онлајн продавница, не изненадува што речиси сите министри имаат онлајн присуство. 20 од 21 министер имаат свој Facebook профил. Само 17 имаат Instagram профили, а 12 се присутни на Twitter. Официјални веб-странци имаат 17 институции, а исто толку имаат и Facebook страници. На Twitter свое присуство имале 8 министерства, Instagram бил изборот на само 2 владини министерства. Oфицијалeн YouTube канал користеле 4 министерства.

Споредено со 2021 година (сите министри користеле Facebook, односно барем еден социјален медиум, Twitter бил изборот на 16, додека Instagram на 15 министри, а 13 министри биле истовремено активни на сите наведени платформи). Во 2020 година вкупниот број на активни министри на сите три платформи изнесувал 10.

Градоначалници и општини
Како и кај останатите политичари и градоначалниците е најлесно да ги најдете на Facebook. Дури 80 од 81 имаат свој Facebook профил. На Twitter се активни 6 градоначалници, но на Instagram тој број изнесува 40.

Споредба со претходни години: 80 од вкупно 81 градоначалник биле активни на Facebook во 2021 година, бројка која е за 3 градоначалници зголемена споредено со 2020 година. На Твитер во 2021 година биле активни само 6 градоначалници, додека на Instagram тој број изнесувал 37. Во 2020 година, пак, 7 градоначалници биле на Twitter, а 32 на Instagram; во 2019 година: 5 градоначалници на Twitter, а 25 на Instagram.

Што се однесува до општинските веб-страници тие за жал не се многу променети од 2013 година, или барем она што важеше тогаш за најголем дел од страниците е актуелно и денес.

Што се однесува до присуството на општините на друштвените мрежи, 60 биле присутни на Facebook. На Twitter свое присуство имале само 2, a Instagram профил имаат 9 општини. Истовремено веб присуство и присуство на друштвените медиуми (Facebook, Twitter, Instagram и YouTube) имаат единствено Град Скопје и општина Карпош. На 13 општини граѓаните не можеле да им пристапат преку друштвените мрежи.

„Огромен проблем претставуваат затворените кориснички сметки на јавните функционери. Секако дека и тие имаат свое право на приватност, но тенка е линијата меѓу личноста и функцијата што ја врши. Оттука, ги советуваме или да ги отворат своите профили на социјалните медиуми или, пак, дополнително да отворат свои официјални страни и канали каде граѓаните и медиумите ќе можат да ги контактираат, да им ги испраќаат своите мислења, предлози и критики“, констатира Кордалов.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.