Advertisement
Advertisement
Македонскиот претставник Никола Станишиќ во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ вечерва ќе биде дел од последна емисија од оваа сезона.
Никола како и сите останати кандидати ќе има можност да се покаже во најдобро светло.
Тој досега ги освојуваше симпатиите на публиката и жирито, преку неговиот глас и харизма, но и со изборот на песните.
За вечерашниот настап Никола за Женски магазин откри дека подготвува нешто интересно за гледање и слушање, едно е сигурно дека ќе биде во седумосмински такт.
„Подготвувам нешто многу интересно за моите Македонци. Наши преубави македонски песни. Зурли, тапани, игроорци …“, рече Никола.
Повеќе детали и впечатоци Никола Станишиќ сподели во ексклузивното интервју пред финалето во „Ѕвездите на Гранд“.
Advertisement