Максим Димитриевски: Оставка на Рамадани

news
Advertisement

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ги осудува обвинувањата и нападите на Претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани кон Канал 5 телевизија во емисијата “Само вистина”.

Advertisement

Градоначалникот на Општина Куманово и идејниот творец на новата политичка опција Движење “ЗНАМ” – За наша Македонија, Максим Димитриевски ги осудува обвинувањата и нападите на Претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани кон Канал 5 телевизија во емисијата “Само вистина”, за што бара извинување кон медиумот и итна оставка од челната позиција на ЕАСМ.

Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани.

ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата “Само вистина” на ТВ Канал 5.

Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани.

Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.