Малку одговори, но и малку прашања – Вилма Русковска не се кае за скандалозните постапки

news
Advertisement

Mалку одговори, но и малку прашања. Вака може да се опише последниот јавен настап на поранешната обвинителка Вилма Русковска која гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“. Таа го искористи јавниот простор во обид да ги оправда своите контроверзни постапки и уште еднаш да потенцира дека немало ништо спорно и незаконско во постапувањето за случајот „27 април“. Не одговори, но не беше ни прашана за најголем дел од низата пропусти во постапката.

Advertisement

Без факти и аргументи, но и без ронка каење. Вилма Рускоска останува на ставот дека осудените за 27 април ја добиле заслужената казна. Во нејзиното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ го искористи јавниот простор во обид да ги оправда своите контроверзни постапки.

Случаите со кои раководеше Вилма Рускоска како обвинител и натаму отвораат многу прашања и дилеми во јавноста, дел од нив и натаму остануваат неодговорени, а дел од нив во нејзиниот последен настап не беа ниту поставени.

Дали чувствува одговорност за постапувањето по методот „го ставив во притвор и намерено го заборавив два месеца?“, за што се појави и аудио снимка.

Дали има грижа на совест зашто претходно јавно призна дека избрала 30-на луѓе да бидат гонети бидејќи во спротивно постапката ќе трала многу подолго?

Како ги одбрала овие 30-на луѓе?

Кој е нејзиниот став за лажните белешки со кои обвинитите за 27 април се префрлаа од куќен во затворски притвор откако сега веќе има и пресуди во нивна корист?

Дали знае дека одговорно за акцијата на 27 април е СВР Скопје а не БЈБ и Митко Чавков, односно обвинувањето дека не била дозволена евакуација од Собранието требало да биде насочено кон СВР а не кон поранешниот министер?

Ова се само дел од прашањата поврзани со случувањата на 27 април кои не беа одговорени, но не беа ни поставени.

На гостувањето на Вилма Русковска во емисијата „Заспиј ако можеш“ реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека неа не може да ја испере ни Нијагара и дека бил залудно потрошен јавниот простор посветен на нејзините празни правдања.

Таа со нејзината додворувачка навика кон секоја лваст е пример за она што е најлошо во судско-обвинителскиот систем и една од главните причини поради кои граѓаните немаат доверба во институциите и сметаат дека државата е на дното од своето постоење. Нејзиното место сепак не е во заборавот и залудно е потрошен јавниот простор посветен на нејзините празни правдања бидејќи не се заборава она што го правеше и што го претставува.
Инаку Вилма Русковска од пред еден месец повеќе не е обвинителка. Принудно стане пензионерка, жената која беше страв и трепет за многумина и која важеше за главна тупаница за притисок врз неистомислениците и заврши употребната вредност.

Членовите на советот на јавните обвинители едногласно решија дека поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема да биде ниту обичен јавен обвинител поради законски повреди во постапката за истрагата и упадот во Финансиската полиција.

Извор. https://alfa.mk/malku-odgovori-no-i-malku-prashana-vilma-ruskovska-ne-se-kae-za-skandaloznite-postapki/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.