Малолетник и 33-годишна жена загинале во сообраќајна несреќа вчера на патот Крушево – Кривогаштани

news
Advertisement

Две лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани, на местото викано Студена вода, која во полиција била пријавена во 17 часот.

Advertisement

Како што информира Министерството за внатрешни работи во денешниот Билтен, загинале еден малолетник и 33-годишната Џ.С. од прилепското село Канатларци. Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село Канатларци, кое излетало надвор од коловозот.

По несреќата, повредените Џ.С. и малолетниот сопатник биле пренесени во Општата болница Прилеп. Жената им подлегнала на повредите во прилепската болница, а малолетниот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но починал при транспортот, а смрт констатирал лекар.

Возачот С.С. и уште двајца малолетни сопатници во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Крушево

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.