Малолетник нападнал негов соученик во училишен двор во скопски Карпош

news
Advertisement

Малолетник нападнал негов соученик во школски двор во Карпош а случајот во полиција го пријавил таткото на детето.

Advertisement

Имено синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје, Д.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов малолетен соученик, кој употребил и тврд предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.