Малолетник нападнат од татко на соученик

news
Advertisement

45-годишниот Ф.А. од тетовска Голема Речица, вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути во близина на тетовско средно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од И.А., татко на негов соученик.

Advertisement

Според пријавеното, тој претходно имал вербални недоразбирања со синот на напаѓачот, кој му се заканил и со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.