Малолетник се соочува со осум години затвор за тероризам -испратил дојави за бомби во училишта

news
Advertisement

Инспириран од дојавите за бомби во училиштата, и ученик од скопски Карпош испратил заканувачки пораки за поставени експлозиви во четири скопски училишта.Оваа негова инспирација може да го чини осум години во затвор. МВР денеска му поднесе кривична пријава за тероризам, казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

Advertisement

Малолетникот на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04 ноември, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта. Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на персоналниот компјутер и во 14 часот ја испратил пораката со заканувачка содржина.Проверките покажале дека, ИП адресата е на мајката на малолетното лице ,43 годишната Д.К.Ч од Скопје.

По претресот на домот се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот, а со вепштачењето се најдени докази. По распитот, малолетникот го признал делото и раскажал како го извршил.

Овој случај е расчистен за три дена, но наоѓањето на виновниците за останатите случаи оди бавно, затоа што, според министерот, заканите доаѓаат од преку океанот.

Заканите за бомби кои веќе неколку недели речиси секој ден стигнуваат во училиштата во Скопје, прво беа насочени кон средните училишта, па се префрлија во основните, но и во другите градови. Денеска слични закани предизвикаа паника и вознемиреност во Кавадарци и неколку блиски села. Евакуирани се учениците од три основни училишта и подрачните во селата Бегниште, Сопот, Марена, Возарци и Дреново, како и во три средни училишта. Во Марена е евакуирана и детската градинка затоа што се наоѓа веднаш до училиштето.

Специјална единица на МВР утврдила дека дојавите се лажни.

Директорките велат дека овие часови мора да бидат надопонети, а дополнително ќе се одредува кога.Тие се децидни дека ова лошо влијае врз психата и на учениците и на наставниците и мора да се најде начин како да се надмине сето ова.

Далиборка Демјанска Цветановска

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.