Advertisement
Малолетничка физички нападната од возрасен маж во Стајковци
Advertisement
Вчера вечер во 22.00 часот во СВР Скопје, М.Н.(19) од с.Стајковци пријавила дека околу 22.00 часот во с.Стајковци, нејзината малолетна сестра била физички нападната од А.Ш.(40) од с.Брест, со привремен престој во с.Мојанци, општина Арачиново.
Тој бил со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, додаваат од полиција.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Advertisement