Маричиќ: Ако одиме на избори без завршени уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги поддржи

news
Advertisement

„Предвремените избори ќе не доведат на онаа ситуација од 2008 г., кога доживеавме врв на националистичка мобилизација дека не попуштаме и потоа никогаш ВМРО-ДПМНЕ не можеше да направи компромис за тоа прашање, без разлика која беше цената. Ние сега сме во ситуација кога, ако одиме на избори без решено прашање во Собранието, без изгласани устави измени, сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе остане на таа позиција и по изборите и никогаш нема да ги поддржи“, рече вицепремиерот за европски прашања во гостувањето на ТВ Сител
Има тенденција определени кругови и дел од граѓаните да веруваат во заблудите на ВМРО-ДПМНЕ, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во гостувањето на телевизијата Сител, одговарајќи на прашања за уставните измени и ставот на најголемата опозициска партија.

Advertisement

„Тие заблуди скапо ќе не чинат, тие заблуди дека ние можеме да преговараме подобар договор или, пак, дека имаме без крајно време да чекаме, тие заблуди ќе не чинат многу скапо. Сите други држави ќе направат чекори напред, дури и Украина и Молдавија коишто денес се држави со сериозни безбедносни ризици, а Украина е во крвава војна и агресија од Русија, ние ќе дозволиме тие држави да одат пред нас, а ние ќе чекаме подобри времиња за да изпреговараме и да ја натераме Бугарија во нешто што нема потреба да ја убедуваме. Нас не треба да не интересира Бугарија, нас не интересираат нашите граѓаните, како ниту еден граѓанин да не извади веќе туѓ пасош на туѓа држава, па и бугарски, доколку не мисли дека треба и доколку не се чувствува како Бугарин“,

ој вели дека три години, освен избори, друго ништо немаме слушнато од ВМРО-ДПМНЕ и дека „таа безидејност не можете да ја покриете со постојано барање на предвремени избори“.

„Јас мислам дека, напротив, предвремените избори ќе не доведат на онаа ситуација од 2008 г., кога доживеавме врв на националистичка мобилизација дека не попуштаме и потоа никогаш ВМРО-ДПМНЕ не можеше да направи компромис за тоа прашање, без разлика која беше цената. Ние сега сме во ситуација кога, ако одиме на избори без решено прашање во Собранието, без изгласани устави измени, сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе остане на таа позиција и по изборите и никогаш нема да ги поддржи“,

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.

Според Маричиќ, САД поддржуваат слободно изјаснување на сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат.

„Ако внимателно слушнете, ќе видите во пораките дека се инсистира дека поддршка на овој процес на уставни измени не значи поддршка на владата на СДСМ, ДУИ и останатите и на премиерот Ковачевски, туку дека значи поддршка на државата и дека ќе покажаме зрелост дека партиите може да се согласат кога се работи за суштински и важни одлуки, да се согласат да гласат напред. Ние го нудиме тој план – да гласаме веднаш под услови под кои што ВМРО-ДПМНЕ бара, но да бидат реални, да не влегуваме во нереални условувања за тоа што би направила Бугарија, што би направила ЕУ“,

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.