Маричиќ: Блокаторот се вика Христијан Мицкоски, кочницата се вика ВМРО-ДПМНЕ

news
Advertisement

„Овој пат не станува збор за изневерување од страна на ЕУ. Јасно е како ден, ВМРО-ДПМНЕ ја изневерува македонската иднина во ЕУ. Работите имаат име и презиме, блокаторот се вика Христијан Мицкоски, кочницата се вика ВМРО-ДПМНЕ“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Рацин.мк“.

Advertisement

Тој повика на свест, совест, политичка и татковинска одговорност за да не се губи драгоцено време, туку да се најде решение.

„Жалосно е на толку можности кои сега се нудат, и брзината со која ЕУ стратешки се проширува да се пропушти моментумот. Обврската согласно Преговарачката рамка останува, нашите млади и иднината на оваа држава заслужува да живее по европски терк за доброто на сите нас“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека на сите ни е добро познато дека единствената домашна задача поврзана со отворањето на поглавјата не се реализира само поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа значи сѐ додека не го завршиме дополнувањето на Уставот, овој застој практично ги става во лер, на неопределено време процесите и сѐ она што е сработено. Ги успорува процесите, ги одложува најважните придобивки за граѓаните и ја става земјата во незавидна позиција“ рече Маричиќ.

Блокаторот, ВМРО-ДПМНЕ, кочницата, Маричиќ, Христијан Мицкоски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.