Маричиќ: ЕУ со План за раст, првиот трансфер на средства во април

news
Advertisement

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Топ Тема на телевизија Телма истакна дека денешната посета на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, е позитивен сигнал и охрабрување бидејќи турнејата на Западен Балкан ја започна токму од Скопје.

Advertisement

На тој начин испраќа порака дека не само што Македонија има европска перспектива, туку и дека работи на неа. Нејзиниот фокус на посетата е токму Планот за раст. Навистина постои расположение кај државите членки да разговараат и да дејствуваат на полето на европските интеграции. Не е тоа само наша замисла или убава приказна или убава желба, туку дека е тоа навистина реалност. Второ дека за да покажат на дело дека Планот за раст ќе го ефектуираат во најскор можен рок. Очекуваме на 8 ноември кога ќе бидат објавени извештаите за сите држави од регионот да биде објавен и деталниот план за раст, нагласи Маричиќ.

Маричиќ истакна дека фокусот на реформите што ќе се очекуваат од нас ќе биде во финансиските и економските капацитети на државита и на јакнењето на институциите.

Очекуваме првата евалуација да биде крајот на март, а на почетокот на април првиот трансфер на средства од Планот за раст од Европската комисија. Тоа е намерата на ЕК и тоа е динамиката што ќе ја правиме, нагласи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за телевизија Телма.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.