Пејачката Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка.
Марија со години фантазирала да го држи своето дете во раце и сонот конечно се остварил, а нејзиниот син се родил во клиника во Лос Анџелес.
Како што откри Шерифовиќ, процесот траел долго.
„Ух… Па, мојот процес на донесување одлуки траеше долго. Но, кога првпат ја пресеков и реков тоа е тоа, веднаш се останато некако си отиде само по себе… Има голема помош од Оној одозгора“, вели таа во големото интервју за Блиц.
Марија не сакаше да открие кој е таткото на детето.
„Поради договорот за приватност, не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа“, рече пејачката и откри дека била наведена како единствен родител во документите.
Јас сум негова биолошка мајка и во документите сум заведенa како единствен родител“, рече Шерифовиќ, која ги реши сомнежите и посочи дека таа е мајка на Марио во генетска смисла и дека законот на Република Србија ја признава како неговата мајка.
„И генетски и административно и во секоја друга смисла јас сум мајка на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од ДНК на неговата мајка е мој“, рече таа.
Извор. https://4news.mk/marija-sherifovik-otkri-chija-dnk-nosi-nejziniot-sin-eve-shto-pishuva-vo-dokumentite-na-deteto-na-pejachkata/