Маркетите ги намалија цените на храната, наредната недела ќе поевтинат и пијалаците

news
Advertisement

Од влегувањето во сила до овој момент, задоволни сме како се почитува владината Одлука од страна на трговците, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Advertisement

Тој повтори дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците. Инспекциските контроли, истакна министерот, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност, како евентуално недоволно снабдување со одредени производи во маркетите, граѓаните треба да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

-Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети, зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив, а гледаме дека одредени супермаркети ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и со денешната објава на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули лани, изјави Бектеши.

Според министерот, Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија.

-Тука е вклучено и месото. Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи, истакна Бектеши.

Од маркетите велат дека пресметките се уште не се направени, но по поевтинувањето на дел од производите добивката секако ќе им се намали.

Извор: https://www.vecer.press/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.