МАСАКР ВО КАНАДА Со нож убиени 10 лица, а 15 ранети, напаѓачите се во бегство

news
Advertisement

Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож до смрт избоделе десет, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван.

Advertisement

Полицијата ги посочи Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како осомничени извршители на нападите, појаснувајќи ја јавноста дека двајцата патувале со возило „Нисан Роуг“, со црна боја.Нападите биле пријавени рано утринава, по што полицијата веднаш прогласила тревога и издала потерници по осомничените.

До доцна попладнето по локално време слични предупредувања беа издадени и во соседните провинции Алберта и Манитоба.

Ронда Блекмор, командант на Кралската коњичка полиција за областа Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилото, како и оти не е познато каде се упатиле по нападите.
Ужасно е тоа што денеска се случи во нашата провинција“, изјави Блекмор.

Според неа, истрагата е во почетна фаза, дека полицијата се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали и биле познати на полицијата. Таа засега се воздржа од претпоставки за мотивите за нападот.

Нападите биле извршени на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени мртви или повредени лица.

Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Бројот на жртвите би можел да е поголем оттаму што не се знае состојбата на повредените кои биле префрлени во различни медицински установи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.